Офицер за заштита на лични податоци
Владимир Георгиев
+389 (0) 2 3073 010 локал 465
е-маил: dpo@vodovod-skopje.com.mk
Заштита на личните податоци
Личните податоци се:
Контролорот е должен да ја демонстрија усогласеноста (отчетноста).
Контролорот може да побара доставување на дополнителни информации потребни за утврдување на идентитетот на субјектот на личните податоци.
Кога личните податоци се собираат од субјектот на личните податоци, контролорот во моментот на собирањето на личните податоци, на субјектот на личните податоци му ги обезбедува следните информации:
1)идентитетот и контакт податоците на контролорот и податоци за неговиот овластен претставник во Република Северна Македонија;
2) контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци;
3) целите на обработката за кои што личните податоци се наменети, како и правната основа за обработката;
4) легитимните интереси што ги спроведува контролорот или трето лице;
5) корисниците или категориите на корисници на личните податоци, доколку ги има;
Контролорот во моментот на собирањето на личните податоци, на субјектот на личните податоци му ги дава следните дополнителни информации кои се неопходни за обезбедување на правична и транспарентна обработка:
1) временскиот период за кој ќе се чуваат личните податоци, а ако тоа е невозможно, критериумите што се користат за одредување на тој период;
2) постоењето на право да се бара од страна на контролорот пристап, исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработката на личните податоци кои се однесуваат на субјектот на личните податоци, или право на приговор за обработката, како и право на преносливост на податоците;
3) постоењето на правото за повлекување на согласноста во секое време, без да се влијае на законитоста на обработката која била заснована на согласноста пред истата да биде повлечена ;
4) информација дали давањето на личните податоци е законска или договорна обврска или услов кој е потребен за склучување на договор, како и дали субјектот на личните податоци има обврска да ги даде личните податоци и можните последици ако овие податоци не бидат дадени;
5) постоењето на автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи го и профилирањето.