Веб администратор - Сашо Бошков
Развојот на современо јавно претпријатие е неминовно поврзан со имплементација на соодветна информатичко-информациска технологија. Преку анализа на податоци добиени од апликативно-системскитев решенија даваат можност за дополнителен развој и квалитативно согледување на одделни поставености на технологиите во јавно претпријатие.
Подигањето на квалитетот на сервисните услуги кон граѓаните се примарна цел на јавното претпријатие а нивната реализација е тесно поврзана и со секојдневно вложување во технологија и нејзина надградба. Безбедносната поставеност на еден информатичко-информативен систем во јавно претпријатие е во тесна зависност од примена на компатабилна и на високо ниво имплементирана технологија. Проектите и продуктите кои се основа на дадениот систем континуирано имаат за цел да даваат брза, точна и навремена информација на крајните корисници. Така врската претпријатие-корисник станува блиска на заедничко задоволство. Безбедно плаќање на извршени услуги од дома, транспарентен увид во состојбите на претпријатието и неговата отвореност кон клиентот дава позитивен знак на доверба и ефикасна и трајна соработка.
Тополошката поставеност на системот е сегментирана во неколку нивоа и групи. Внатрешната поставеност на технологијата како во класична така и во виртуелна околина дава можност концепирање на сервисни услуги. Ефикасноста на соодветна информатичко-информациска технологија главно се темели на брзина, прецизност, сигурност и економичност.
Информациите можат да бидат дефинирани како трансформирани податоци во форма која е разбирлива и корисна за граѓаните како клиенти и вработените како составен дел на Претпријатието. Тие ни служат за унапредување на нашите лични и професионални способности, во приватниот живот и на работното место. Работата со голем број податоци ја наметнува потребата за нивно логичко поврзување во систем на податоци.
Основната дејност на Сектор за информатичка технологија, е:
- Одржување на сите тековни апликации и постоечка системска инфраструктура во претпријатието.
- Обработка на разни видови податоци, трансформирајќи ги во корисни и услужни информации-податоци за другите служби, сектори во претпријатието и надвор од него.
- Развој на нови апликации или модули од апликации, предлог за нови набавки на системска опрема и нејзино конфигурирање и ставање во употреба и др.
Организациона поставеност на Секторот
Својата дејност Секторот ја извршува преку три служби:
Служба за системска поддршка
- Одделение за хардверско одржување и мрежна околина
- Одделение за сервис на ИТ опрема
- Одделение за оператива
Служба за развој и апликативен софтвер
- Одделение за развој
- Одделение за апликативен софтвер
- Одделение за администрирање на бази на податоци
Служба за поддршка на SCADA, GIS ,GPS