Одделение за јавни набавки

Одделението за јавни набавки е организациски облик во ЈП Водовод и канализација Скопје во чии рамки се вршат работи од областа на јавните набавки.

Согласно со член 80 од Законот за јавните набавки (“Службен весник на Република Македонија” бр.24/19), во Одделението за јавни набавки се вршат следниве работи:

 

- учество во подготовката на планот за јавни набавки,

- изготвување одлуката за јавна набавка,

- учество во изработката на тендерската документација,

- објавување на огласот за јавна набавка,

- советување на комисијата за јавна набавка при спроведување на постапката за доделување договор за јавна набавка,

- учествуво како член во комисијата кај постапките за доделување договор за јавна набавка со проценета вредност над 130.000 евра во денарска противвредност за стоки и услуги и над 5.000.000 евра во денарска противвредност за работи,

- подготвување на потребните акти врз основа на извештајот од спроведена постапка,

- ажурирање на податоците кои согласно со овој закон се доставуваат во ЕСЈН,

- објавување на негативна референца во ЕСЈН,

- давање насоки и упатства во врска со постапување во жалбената постапка во соработка со комисијата за јавни набавки,

- грижа за досиејата од спроведени постапки согласно со прописите за канцелариско и архивско работење и

- врши и други работи согласно со овој закон.

 

Вработените во Одделението за јавни набавки во своето работење постапуваат согласно со Кодексот на однесување при спроведување на јавните набавки.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies