Работните обврски се базирани на следниве основни сегменти: редовно отчитување на водомери, редовна достава на фактури за корисниците на нашите услуги, наплата на фактури за услуги кои ги нуди ЈП Водовод и канализација - Скопје, следење на нивото на наплата, исклучување на корисниците кои нередовно ги подмируваат своите фактури, изготвување на предлози за тужење во соработка со Секторот за правни и општи работи и Секторот за ИТ и развој, контрола врз работата на целокупниот работен кадар во секторот, следење на диво приклучување на нашата водоводна и канализациона мрежа (постапување согласно законските нормативи), пријавување на нови и промена на постоечки корисници и грижа за корисниците на нашите услуги.
Секторот Наплата работните обврски ги извршува со 4 (четири) одделенија и тоа:
Одделение за наплата-домаќинство
Се грижи за: навремено и точно отчитување на водомери, имплементација на прочитани состојби во системот, определување на соодветна просечна потрошувачка (согласно законските нормативи), процесуирање и разрешување на сите забелешки и аномалии кои ќе бидат констатирани на терен, склучување на Договори за отплата на заостантиот долг на рати, корекција на фактури и секако има професионално деловен однос со директните и индиректните корисници на нашите услуги.
Се грижи и за навремена и точна достава на фактури и за следење на наплатата. По истекот на валутниот рок, изготвува разни типови на опомени и учествува во процесот на тужење (во соработка со Сектор за правни и општи работи и Сектор за ИТ и развој). Се грижи за следење на точноста на прочитаните водомери, следење на дивоприклучените корисници и постапување по налози за исклучување на корисниците (во согласност со законските нормативи).
Ги процесуира и разрешува пријавените поплаки и аномалии, согласно писмените и телефонските поплаки од корисниците на нашите услуги, врши пријавување и промена на веќе постоечките корисници (со склучување на соодветни Договори, кои се во согласност со законските нормативи), и се грижи за административно-техничките работи во сите одделенија и во целокупниот Сектор Наплата.
Одделение за наплата-стопанство
Се грижи за: навремено и точно отчитување на водомери, имплементација на прочитани состојби во системот, определување на соодветна просечна потрошувачка (согласно законските нормативи), процесуирање и разрешување на сите забелешки и аномалии кои ќе бидат констатирани на терен, склучување на Договори за отплата на заостантиот долг на рати, корекција на фактури и секако има професионално деловен однос со директните и индиректните корисници на нашите услуги.
Се грижи и за навремена и точна достава на фактури и за следење на наплатата. По истекот на валутниот рок iзготвува разни типови на опомени и учествува во процесот на тужење (во соработка со Сектор за правни и општи работи). Се грижи за следење на точноста на прочитаните водомери, следење на дивоприклучените корисници и постапување по налози за исклучување на корисниците (во согласност со законските нормативи).
Ги процесуира и разрешува пријавените поплаки и аномалии, согласно писмените или телефонските поплаки од корисниците на нашите услуги, врши пријавување и промена на веќе постоечките корисници (со склучување на соодветни Договори кои се во согласност со законските нормативи), и се грижи за административно-техничките работи во сите одделенија и во целокупниот Сектор Наплата.
Одделение Благајна
Се грижи за готовинската наплата во просториите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, за исправна работа со сите налози за наплата кои ги користат вработените на претпријатието, и секако има професионално деловен однос со директните и индиректните корисници на нашите услуги.
Го спроведува и контролира процесот за генерирање, снимање и печатење на фактури, внес на податоци за корисници и податоци од изворна документација, по однапред подготвен програм и упатство. Врши контрола на процесот на внесување на податоци, верификација на внесените податоци, свои или од други оператори, корекција на настанати грешки во текот на процесот и работа со крајни корисници и уплатни места за решавање на спорни уплати.
Одделение за контрола на корисници
Го спроведува и контролира процесот за редовно вршење контроли (согласно годишен и вонреден план за работа). Контролата се однесува на точно и навремено отчитување на водомери, навремена достава на фактури за корисниците на нашите услуги, контрола врз работата на целокупниот работен кадар во секторот, следење на диво приклучување на нашата водоводна и канализациона мрежа (постапување согласно законските нормативи), анализа согласно извршените работни задачи, нудење на мерки и активности за надминување на утврдените аномалии, предлог казнени мерки за вработените кај кои се утврдени аномалии во работењето, постапување во согласност со важечките законски нормативи. Има меѓусебна тесна соработка со сите Сектори и одделенија во ЈП Водовод и канализација - Скопје, во насока на надминување и разрешување на сите проблеми и аномалии.
Секторот Наплата и горенаведените Одделенија имаат меѓусебна тесна соработка со сите Сектори во ЈП Водовод и канализација - Скопје, за надминување и разрешување на сите проблеми и аномалии, со што би се постигнала основаната мисија и цел на Ј.П.Водовод и канализација - Скопје, задоволување на потребите на корисниците на нашите услуги