Секторот за третман на отпадни води како организациона целина во склоп на ЈП Водовод и канализација – Скопје егзистира со една пречистителна станица за отпадни води и тоа: Пречистителната станица за отпадни води - Волково.
ЈП Водовод и Канализација – Скопје официјално ја превзеде пречистителната станица за отпадни води во Волково во месец Август 2019 година
Министерството за животна средина и просторно планирање, со финансиска помош од Буџетот на Република Северна Македонија, Град Скопје, општина Ѓорче Петров и ЈП Водовод и Канализација – Скопје како и билатерална соработка со Владата на Република Словенија, заврши со имплементација на проектот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во населеното место Волково, општина Ѓорче Петров.
ПСОВ Волково е наменета за чистење на комуналните отпадни води кои доаѓаат од собирното подрачјето на населбите Кисела Јаболка, Стопански Двор и Волково.
ПСОВ Волково е предвидена за 19 500 Е.Ж. За пречистување на отпадните води се употребува современа СБР технологија. Отпадната вода која дотекува во ПСОВ Волково се пречистува според барањата на Директивата на ЕУ за урбана отпадна вода (91/271/EEC, 98/15/EC) за чувствителни подрачјe.
Редовните активности во ПСОВ Волково се одвиваат во неколку фази според избраната технологија на пречистување на отпадните води и тоаꓽ
- механички третман,
- биолошки третман
- хемиски третман
- третман на отпадна мил
- биофилтер станица
- SCADA – мониторинг
Надзорот, управувањето и одржувањето на Станицата за пречистување за отпадни води Волково во 2021 година се одвива во три работни смени, 24 часа на ден, вклучувајќи викенди и празници. За контрола на процесот на пречистување се прават анализи. Анализите на влезната и излезната отпадна вода како и анализите за контрола на процесот на пречистување се изработуваат во интерната лабораторија на ПСОВ Волково.