Центар за санитарна контрола

Секторот за санитарна контрола повеќе од една деценија работи согласно имплементираниот  меѓународен стандард ISO/IEC 17025:2017 - Компетентност на лабораториите за тестирање и калибрирање. Овој систем за управување е интегриран со уште три системи за квалитет и тоа MKS EN ISO/IEC 9001:2015 и MKS EN ISO/IEC 17020:2012 - Барања за работењето на различни видови тела кои вршат инспекција,  МКС EN ISO/IEC 14001:2015 - Систем за менаџмент со животна средина и на крајот меѓу првите го има воведено системот за само-контрола врз основа на HACCP принципите.

Јавното претпријатие Водовод и канализација - Скопје има обврска според законската регулатива да го контролира квалитетот и капацитетот на водните ресурси што ги користи за водоснабдување на населението на Град Скопје. Овој факт ја иницирал потребата за формирање на контролна лабораторија во далечната 1964 год.

Со етапните трансформации, всушност се опишува полувековниот организиран тек на развој на лабораториите на Секторот за санитарна контрола, кои ја контролираат санитарната исправност на водата за пиење, при тоа задоволувајќи ги севкупните потреби на жителите на Град Скопје.

Секторот санитарна контрола како организациска целина на ЈП Водовод и канализација – Скопје, организациски е поделено во три одделенија и тоа: одделение - микробиолошка лабораторија, одделение хемиска лабораторија за питки води и одделение - хемиска лабораторија за отпадни води. Како организациска целина во Секторот е и одделението за санитарна контрола и одделението за прием на примероци, процесна аналитика и магацинско работење.

Постоењето на лабораториите го обврзуваат законските и подзаконските акти поради кои секое правно лице кое се занимава со произвотство на храна (каде припаѓа и водата) мора да има систем за самоконтрола врз основа на HACCP принципите и внатрешна контрола во своја акредитирана или во друга акредитирана лабораторија. (чл.2 и 5 од Законот за безбедност на храна Сл.54/02 и Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18) и чл.5 од Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води Сл. Весник на Р.Македонија бр.68/05).

Системот за управување е во согласност со принципите на стандардот за квалитет ISO/IEC 17025 и е развиен со цел да се промовира довербата во работењето на лабораториите. Барањата од стандардот се клучни за лабораториите да можат да демонстрираат дека работат компетентно и дека можат да генерираат валидни резултати.

Лабораториските активности се преземаат непристрасно и така структуирани и раководени се со цел да се обезбеди непристрасноста. Раководството на Секторот  за санитарна контрола е посветен на непристрасност и е одговорен за непристрасноста на своите лабораториски активности и во ниеден момент не дозволува комерцијални, финансиски или други притисоци да ја компромитираат непристрасноста. Лабораториите ги идентификуваат ризиците за нивната непристрасност на тековна основа. Ова ги вклучува оние ризици кои произлегуваат од нејзините активности, нејзините односи и од односите на нејзиниот персонал.

Исто така Секторот  ги почитува и принципите за доверливост, а воедно и преку законски извршни обврски, за управување со сите информации добиени или создадени за време на извршувањето на лабораториските активности.

Севкупниот персонал, вклучувајќи и членови на комисиите, изведувачите, персонал на надворешни тела или лица кои дејствуваат во име на Секторот за санитарна контрола, ги чуваат во доверливост сите информации добиени или креирани за време на извршувањето на лабораториските активности.

Сите барањата за компетентност за секоја функција што влијае врз резултатите од лабораториските активности, вклучувајќи ги и барањата за образование, квалификација, обука, техничко знаење, вештини и искуство се уредно документирани, со што на високо ниво се потврдува дека Секторот  за санитарна контрола има обезбедено персонал кој поседува компетентност да врши лабораториски активности за кои тие се одговорни и да ја евалуира значајноста на отстапувањата.

Активностите на лабораториите во Секторот за санитарна контрола се состојат во секојдневна контрола на водата  за пиење од 36 редовни мерни места и 50 периодични мерни места (одредени спрема бројот на еквивалент жители на градот Скопје), санитарно - хигиенска контрола и надзор над објектите за водоснабдување каде би ги споменале: каптажите, резервоарите, хлоринаторските и пумпените станици. Секако дека не треба да се запостави и фактот дека CСК врши контрола и на површински и на комуналните отпадни  води .

 

Од произлезените законски обврски, а и поради зголемената конкуренција на акредитирани лаборатории на кои главна дејност не им се акватичните системи без разлика дали се работи за детектирање на параметри кои ја даваат санитарната исправност на водата за пиење или вршат категоризација на површински и отпадни води (еколошки параметри) највисокото раковотство на Секторот за санитарна контрола, со подршка на највисокото раководство на ЈП Водовод и канализација, има акредитирано над триесет методи за тестирање.

 

 

СПИСОК НА СТАНДАРДНИ МЕТОДИ ЗА ИСПИТУВАЊЕ

Р.бр.

Ознака на стандардот

Наслов на стандардот

1.     

MKC EN ISO 7027-1:2017

Определување на матност

2.     

МКС EN ISO 27888:2007

Определување електолитска спроводливост

3.     

МКС EN ISO 10523 :2013

Стандард тест метод за pH во вода

4.     

US EPA- Method 130.2 1982

Вкупна тврдина, титриметриска метода

5.     

МКС – ЕN ISO 7150-1:2007

Определување на амониум

6.     

US EPA- Method 354.1:1971

Нитрити - Спектрофотометриска метода

7.     

APHA-AWWA WPCF20th edition 1998

Ултравиолетова Спектрофотометриска метода Б4500 за определување на нитрати

8.     

МКС – ЕN ISO 9297:2007

Квалитет на вода- Определување хлориди- титрација со сребрен нитрат со хроматен индикатор

9.     

ASTM D 5904-2002

Вкупен неоргански и органски јаглерод со UV персулфатна оксидација

10.   

US EPA- Method 405.1 1980

 

Биолошка потреба од кислород (5 дена на 200С)

11.   

ASTM D 1687-02:2002

Стандард тест метод за хром во вода

12.   

МКС – ЕN ISO 7393-2:2019

Определување на резидуален хлор

13.   

МКС – ЕN ISO 7887:2013

Определување на боја

14.   

МКС – ЕN ISO 6060:2007

ASTM D 5904-02

Определување хемиска потреба од кислород

15.   

МКC EN ISO

14911-1:2013

Определување на растворени K+, Na+, Ca2+, Mg2+ со јонска хроматографија

16.   

МКС EN ISO 10304     1:2013

Определување на растворени флуориди,фосфати и сулфати со јонска хроматографија

17.   

Standard test method ASTM D3875 - 15

Стандардна метода за определување на алкалитет во вода

18.   

Spectroquant MERCK Iron test 1.14761.0001

Стандард тест метод за железо во вода

19.   

Spectroquant MERCK Manganese test 1.14770.0001

Стандард тест метод за манган во вода

20.   

MKC EN ISO 6222:2009

Броење на микроорганизми на култура

Броење на колонии со инокулација во култура на хранлив агар

21.   

MKC EN ISO 9308-1:2015

Детекција и броење на Escherichia coli и колиформни бактерии

Дел1:Метод на мембранска филтрација за води со ниска бактериска беграунд флора

22.   

MKC EN ISO 7899-2:2009

Детекција и броење на интестинални Enterococci со метод на мамбран филтрација

23.   

MKC EN ISO 16266:2009

Детекција и броење на Pseudomonas aeruginosa во вода со мембран филтрација

24.   

MKC EN ISO 26461-2:2017

Броење на Clostridium perfringes

Дел2:Метода со употреба на мембранска филтрација

25.   

MKC EN ISO 9308-2:014

Броење на Escherichia coli и колиформни бактерии

Дел2:Метода на најверојатен број

26.   

MKC EN ISO 11731-2:2018

Детекција и броење на Legionella

Дел2:Метод на директна мембранска филтрација кај води со мал број на бактерии  

27.   

MKC EN ISO 19458-2006

Квалитет на вода-Земање примероци за микробиолошки анализи

28.   

MKC EN ISO 5667:2009

Квалитет на вода-Земање примероци-Дел1: Упатство за дизајн на програми и техники за земање на примероци

29.   

MKC EN ISO 5667-3:2013

Квалитет на вода-Дел3 :Упатство за конзервирање и ракување со примероци

30.   

MKC EN ISO 5667-5:2007

Квалитет на вода:Земање примероци-Дел5:Упатство за земање на примероци од пречистителни станици и градски водоводни системи

31.   

MKC EN ISO 5667-6:2017

Квалитет на вода-Земање примероци-Дел6:Упатство за земање на примероци од реки и потоци

32.   

MKC EN ISO 5667-10:2007

Квалитет на вода-Земање примероци-Дел10 :Упатство за земање на примероци од отпадни води

Скопската вода низ бројки

Врз основа на секојдневниот мониторинг на квалитетот на водата за пиење од аспект на физичко-хемиски и микробиолошки анализи, можеме да заклучиме дека ЈП Водовод и канализација – Скопје испорачува на своите консументи санитарно исправен и квалитетен производ со непроменлив квалитет.

 

Параметар

Стандард. метода

Ед.мерка

МДК*

Вредност

1

Боја

ISO 7887:2011

CU

20

1

2

Температура

US EPA-170.1

C

25

13.2

3

Заматеност

MKC EN ISO 7027

NTU

1,5

0.53

4

Ел.спроводливост

МКС EN ISO 2788

μS/cm

2500

615

5

pH

ASTM D 1293 - 9

единици

6,5-9,5

7.07

6

Вкупна тврдина

US EPA-130.2

DH

 

18.12

7

Вкупен органски јаглерод

АSTM D 4839-03

mg/l

 

0.27

8

Вкупен неоргански јаглерод

АSTM D 5904 -02

mg/l

 

79.7

9

Вкупен јаглерод

АSTM D 5904 -02

mg/l

 

80.39

10

Вкупни трихалометани

US EPA 501.2

μg/l

100

0

11

Хлориди

MKС EN ISO 9297

mg/l

250

7.56

12

Нитрати

APHA 4500-В

mg/l

50

6.71

13

Нитрити

US EPA-354.1

mg/l

0,1

0

14

Амонијак

MKС EN ISO 7150

mg/l

0,5

0

15

Магнезиум

ASTM D 511 - 03

mg/l

100

17.68

16

Калциум

ASTM D 511 - 03

mg/l

200

99.98

17

Сув остаток на 105°C

US EPA-160.1

mg/l

1000

359.5

18

Сулфати

ASTM D 516-02

mg/l

250

9.3

19

Алкалитет p

US EPA-310.1

mg/l

 

0

20

Алкалитет m

US EPA-310.1

mg/l

 

67

21

Хидрокарбонати

ASTM D1886-03

mg/l

30

408.7

22

Флуориди

ISO 10304

μg/l

1500

50

23

Калиум

ASTM D 4192 - 0

mg/l

12

0.93

24

Литиум

ISO 10304

mg/l

 

0

25

Натриум

ASTM D4191 - 03

mg/l

200

6.64

26

Силикати

ASTM D 859 - 00

mg/l

20

11.24

27

Фосфати (орто)

ISO 6878-1

mg/l

 

0

28

Хром (вкупен)

ASTM D 1687 - 0

μg/l

50

4.1

29

Железо

ASTM D 1068 - 0

μg/l

200

5.3

30

Манган

ASTM D 516-02

μg/l

50

0.5

31

Сребро

MKC EN ISO 1558

μg/l

10

1.12

32

Алуминиум

ASTM D857-02

μg/l

200

7.9

33

Арсен

ASTM D29-7215

μg/l

10

0.05

34

Кадмиум

ASTM D3557-17

μg/l

5

0.21

35

Кобалт

ASTM D3558-03

μg/l

 

0.13

36

Бакар

ASTM D1688 - 02

μg/l

2000

0

37

Олово

ASTM D1886-03

μg/l

10

0

38

Никел

ASTM D1886-03

μg/l

50

0.07

39

Цинк

ASTM D-1691-02

μg/l

3000

10.68

40

Селен

ASTM D-3859-03

μg/l

10

1.13

41

Жива

ASTM D-3223-02

μg/l

1

0.018

*референтна вредност (максимално дозволени концентрации) во согласност со Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

 

 

 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies