Сектор за технички работи и развој

Секторот за Технички работи и развој беа проектирање, развојни програми, водење на катастар, надзор на новоизградени мрежи и издавање на решенија за приклучоци и хидротехнички услови.

Работните задачи Секторот за Технички работи и развој ги извршуваше преку следните служби:        

-          Служба за проектирање, развој  и екологија

-          Служба за катастар и техничка документација

-          Служба за приклучоци

-          Служба за надзор

 

СЛУЖБА ЗА ПРОЕКТИРАЊЕ, РАЗВОЈ И ЕКОЛОГИЈА

Основната работа на службата се состои во решавање на техничките проблеми, припремни и организациони работи при изготвување на Инвестиционо–техничка документација (проекти) за објектите кои се предмет на проектирање, а тоа се водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација и сите пропратни објекти на нашата хидротехничка инфраструктура. Изработката на комплетна проектно-техничка документација содржи најпрвин дефинирање односно изработка на проектната задача, собирање на сите потребни податоци (од терен и од нашиот подземен катастар) и  потребните согласности од сите комунални организации за поставеноста на нивните подземни инсталации, потоа изработка на самиот Идеен и  Основен проект, како и административно–финансиски работи околу самата процедура проектирање.
Службата изработува проектни Елаборати – Идејни и Основни проекти кои ja содржат потребната документација со сите согласности, технички извештај, ситуација во М = 1:1000 и сл., надолжни и попречни  профили, разни хидраулички пресметки, нацрт на објектите на трасите на проектираната мрежа  со основа и пресеци, типски нацрти, предмер- пресметка, елаборат за заштита при работа и друго,  со што може непречено да се отпочне со реализација на Основните проекти на лице место. За проектно-техничката документација која е предвидена во Инвестиционата програма на претпријатието, оваа служба се грижи и за добивање на комплетната документација сé до добивањето на Одобрението за градба.  
Исто така повремено врши и свој проектантски надзор, измена и дополна на  проектите и анекс кон истите.
Издава Мислења за водоснабдување и одведување на отпадни фекални и атмосферски води од урбанистички локалитети на подрачјето на општините односно на Градот.
Учествува во јавни расправи – стручни консултации по нацрт Детални Урбанистички Планови во делот на изготвување на основните решенија за водоснабдување и канализација на град Скопје со давање на мислење по истите и усогласување со самите изготвувачи на плановите.
Врши ревизии на проектно–техничка документација изработена од наша или од  други проектантски организации или инвеститори на ниво на основни  и идејни проекти како и технички решенија.
Врши хидрауличко пресметување на параметрите на водоводната градска мрежа и определува притисоци во јазлите при случаи на исклучување на различни делници од градската водоводна мрежа.
Ја дигитализира постоечката и новата водоводна и канализациона мрежа со своите објекти со помош на GIS компјутерските апликации од ЕSRI software пакетот и работи на изработка на работни подлоги и карти како за потребите на Секторот за Технички работи и развој така и за останатите Сектори од Претпријатието.
Службата врши континуирана техничка и компјутерска подршка на останатите сектори во нашето претпријатие.
Учествува во изготвување на разни писмени барања и дописи до соодветни претпријатија и фирми. 
 Покрај проектантските услуги за надворешни инвеститори и интерни потреби на 
Ј. П. Водовод и канализација – Скопје, службата за проектирање, развој и екологија врши и технички услуги и увиди на лице место за потребите на надлежните министерства, градското собрание со своите надлежни органи, скопските општини, месните заедници, група граѓани и поединци.
Обемот на работата на Секторот за технички работи и развој се зголеми со промените во Законот за издавање на Одобренија за градба од страна на Општините   каде што според член 59 – в од Законот за градење (Службен весник на РМ бр.130/09, 124/10 и 18/11) ЈП Водовод и канализација Скопје треба во рок од 5 дена од приемот на известување од Општините да изврши увид во Основните  проекти односно да се произнесе  дали се исполнети Хидротехничките услови од страна на инвеститорот – барателот на одобрението за градба во доставената проектно техничка документација, а доколку не се исполнети да даде свое мислење, за да можат Општините да продолжат со постапката за издавање на Одобрение за градба.

 

СЛУЖБА ЗА КАТАСТАР И ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Оваа служба води катастар за постоечката и новоизведената хидротехничка инфраструктура (водоводна, фекална и атмосферска мрежа). 
Врши геодетски снимања-мерења на хидротехничката инфраструктура што се изведува и геодетски надзор за објекти за кои инвеститор е Ј. П. Водовод и канализација-Скопје и надворешни инвеститори.

Исто така вршеше геодетски снимања за потребите на Службата за проектирање, развој и екологија.

Геодетските снимања-мерења на теренски податоци за сопствените подземни инсталации (водоводна и канализациона мрежа) ги врши со тотална станица  Leica (ТС 407), нивелир Leica (Sprinter) и GPS Leica (pro mark 500, mobil mapper cx).
Издава потврди (согласности) за постоечка, предвидена и проектирана подземна хидротехничка инфраструктура (водоводна, фекална и атмосферска мрежа) со нејзини технички карактеристики физички и правни лица.

 

 

 

 

СЛУЖБА ЗА ПРИКЛУЧОЦИ

Оваа служба подготвува и издава:

-  хидротехнички услови (со кои се дефинираат услови за приклучување на водоводна, фекална и атмосферска мрежа на град Скопје по поднесено барање).

-  решенија за нов приклучок (водоводни приклучоци и канализациони приклучоци) и разни писма, дописи и одговори на барања.

Врши увид на лице место за определување на услови за изведба на приклучоците како и нивно усогласување со другите подземни инсталации и објекти.
Ја обезбедува потребната документација за изведба на приклучоци за објекти на постечката хидротехничка инфраструктура. 
Изготвува пресметки со наплата од организации и граѓански правни лица за извршените услуги при реализација на приклучоците.
 Врши подготвителни работи за приклучување на општествени и индивидуални објекти на водоводна и канализациона мрежа во фаза од прво сознание за потреба од приклучување до фаза на изведување на приклучок.

 

СЛУЖБА ЗА НАДЗОР

Службата за надзор врши технички надзор над објектите од дејностите што ги обавува Ј. П. Водовод и канализација – Скопје. Врши надзор на водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација.
Работењето на службата исклучиво зависи од динамиката на извршување на градежните работи од страна на изведувачите и инвеститорите на истите. Извршителите секојдневно ги контролираат објектите, а за завршените објекти по извршен технички прием се потпишува евидентен лист.

 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies