Обврските и задачите кои ги извршува секторот Механизација произлегува од самата дејност на Секторот, односно секојдневно вршење на:
-транспорт на возила и експлоатација на градежни машини и специјални возила кои се потребни за остварување на задачите на ниво на Претпријатието;
-одржување на возниот парк во исправна состојба
-одржување и изработка на машинските елементи кои се потребни на другите сектори за непречено извршување на потребните задачи и
-услуги од секој вид кои се тесно поврзани со комуналната дејност за кои сме регистрирани.
ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ
Во секторот “Механизација“ за извршување на дејноста, организационата
поставеност е следна:
1.Оддел “Експлоатација и транспорт на возила и градежни машини“
а) одделение за “Експлоатација и транспорт на тешко товарни,средни и лесни возила;
б) одделение за “Експлоатација на специјални возила и градежни машини;
Врз основа на секојдневни требувања од секторите Водовод, Канализација, ЕОК, одделот за експлоатација на возилата по пат на сервис врши услуга во наведените сектори во делот на одржување на водоводна и канализациона мрежа во градот Скопје. Врши разни ископи, транспорт на шут, учествува во отстранување на дефект на мрежи, отпушување на канализациони системи, превоз на материјали и вработени лица, како и останати дејства во зависност од видот на задачите.Сите овие операции се извршуваат со расположивиот возен парк составен од средно товарни,тешкотоварни возила и возила со кран,специјални возила(цистерни под вакуум,притисок и цистерна за питка вода),специјално возило за превоз на хлор,градежна механизација(ровокопачи и компресори) и лесни возила.
Одделот располага со возачи од “C“, “D“ и “Е“ категорија, како и ракувачи со градежни машини, возачи на специјални возила и приколки.
2. Оддел “Електро-механичко одржување“
а) одделение за механичко одржување
б) одделение за електромеханичко одржување
Оддел за електромеханичко одржување располага со КВ и ВКВ аутоелектричари и аутомеханичари кои во рамките на своите дејности вршат одржување на возните единици од секторот, почнувајќи од дијагностицирање на дефектот на возилото, сервисирање и целосно отстранување на дефектот. Во овој оддел се вршат и целосни ремонти на моторите на тешко товарни, специјални, средни, лесни возила и градежни машини. Овој оддел е сместен во хала опремена за сервисирање на возилата.
3. Оддел “Машино-браварско одржување“
а) одделение за машино-браварско одржување
б) одделение за автобраварско одржување
Оддел за машинобраварско одржување врши изработка на машински елементи потребни за извршување на дејноста на останатите сектори како што се:огрлици, шипки за огрлици, шпингли за шибер, лангвинтови, решетки за сливници, капаци за шахти и друго..
Исто така извршителите од овој сектор се ангажирани во одржување на сите објекти во ЈП “Водовод и канализација“ : изработка на настрешници, врати, огради, парно греење, решетки, разни типови на заварување.Сите овие активности се обавуваат во две хали:машино-браварска и хала за автобраварско одржување на возила
4. Техничка служба
а) одделение за техничка документација и услуги
Оддел за техничка документација и услуги се грижи за изготвување и движење на целокупната административната документација во секторот почнувајќи од кадровски документи до документација за возила, потрошувачка на гориво, мазива, резервни делови, гуми, акумулатори, регистрација на возилата, издавање на работните налози, евидентирање на работните и продолжени работни часови и подготовка за пресметување на личниот доход.
Во возилата вграден е GPS систем за следење на возила кој претставува современ начин на организирано експлоатирање на возниот парк, следење на позицијата на возилата и континуиран мониторинг на потрошувачката на гориво во реално време.Со ваквата анализа на податоците од овој систем се намалуваат трошоците во експлоатацијата на возилата и се овозможува поефикасно и поекономично стопанисување со возниот парк воопшто, на ниво на целото претпријатие.
Секторот поседува затворена гаража за згрижување на сите возни единици во сите временски услови.