Со цел зголемување на транспарентноста на работењето, корисниците на ЈП „Водовод и канализација“- Скопје можат да ги пишуваат своите забелешки за работата на Претпријатието или за услугите кои ги нудиме.
Поставена е кутија за корисници во Секторот за наплата каде секој корисник може да ја остави својата забелешка или предлог. Секоја порака Претпријатието внимателно ќе се разгледува и по истата ќе се постапува. ЈП „Водовод и канализација“- Скопје ги повикува граѓаните да го напишат своето мислење за работата на Претпријатието и да бидат активен партнер во подобрувањето на услугата кон корисниците.
Доколку имате забелешка или предлог ,можете да го пратите и на следниот е-маил:
kontakt@vodovod-skopje.com.mk
Забелешките и предлозите корисниците може да ги испратат и преку WEB страната , откога ќе се регистрираат и логираат.