Сектор за правни, кадрови и општи работи

Секторот Правни и општи работи во ЈП Водовод и канализација Скопје се грижи за обезбедување на правна основа и подршка на сите активности кои се одвиваат во Претпријатието, што преставува предуслов за законско и правилно функционирање на целокупното работење.

Секторот обезбедува правни услуги за координирано и непречено работење на Секторите и Претпријатието во целина.

Секторот ја врши својата дејност согласно актуелните законски прописи и внатрешните акти на претпријатието, со што се обезбедува заштита на имотот, побарувањата и правата на претпријатието.

Секторот го сочинуваат: Одделение за застапување, Одделение за нормативни и правни работи и Одделение за општи работи.

       Одделение за застапување

Застапување на  Претпријатието пред надлежните судови и државни органи;

Обезбедување на  податоци и изработување на стечајни пријави како и пријави за правни лица под ликвидација во рамките на пропишаните законски рокови пред надлежните судови;

Обезбедување на податоци и докази за решавање на судските спорови во согласност со позитивните законски прописи;

Изготвување и поднесување на Предлози за издавање на решение за нотарски платен налог врз основа на веродостојна исправа пред овластени нотари за правни лица;

Обезбедување на податоци за должници (правни лица) против кои може да се спроведе извршувањето;

Изготвување и поднесување на Барања за спроведување на извршување;

Водење евиденција на сите наплатени и ненаплатени тужени побарувања од страна на правни лица по основ: неплатени фактури, сметки, камати, надомест на штета, работни спорови и по основ на неподмирен долг за користени услуги;

Ажурирање на евиденција на корисниците на услугите која се изготвува во соработка  со Сектор Наплата и Сектор Финасии, сметководство и комерција;

        Одделение за нормативни и правни работи

Изготвување и поднесување на Предлози за издавање на решение за нотарски платен налог врз основа на веродостојна исправа пред овластени нотари за физички лица;

Изготвување и поднесување на Барања за спроведување на извршување;

Обезбедување на податоци за должници (физички лица) против кои може да се спроведе извршувањето;

Склучување на Договори за отплата на долг на рати за неплатени утужени и неутужени побарувања и нивна солемнизација на нотар;

Комплетирање на документацијата за сопственост на објектите и земјиштето на Претпријатието и нивно запишување во катастарската евиденција;

Водење евиденција на сите наплатени и ненаплатени тужени побарувања од страна на физички лица по основ: неплатени фактури, сметки, камати, надомест на штета, работни спорови и по основ на неподмирен долг за користени услуги;

Ажурирање на евиденција на корисниците на услугите која се изготвува во соработка  со Сектор Наплата и Сектор Финасии, сметководство и комерција;

Следење и спроведување на законските прописи и давање правни толкувања и мислења и друго.

Одделение за општи работи

архивското работење кое опфаќа: прием, прегледување и распоредување на актите, заведување на актите, доставување на актите во работа, административно-техничко обработување на актите, испраќање на актите, разведување и класифицирање на актите, одлагање на свршените акти во писарницата.

Одржување на хигиена

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies