Барање за издавања решенија за приклучоци и двоење во шахта
Документите се поднесуваат во дирекцијата на ЈП Водовод и канализација- Скопје на ул.Ѓуро Стругар Бр.5 приземје (архива)
Напомена: Започнувајќи од 01.03.2012 год. Согласно „Законот за градење“ (Службен Весник на РМ бр. 130/09, 124/10 и 18/11 односно согласно член 92-а, потребно е барањата до ЈП Водовод и канализација- Скопје за приклучоците на градска водоводна и канализациона мрежа за новоизведените објекти, да ги испраќаат Општините односно единицата за локална самоуправа на чие подрачје е изграден објектот.
(инвеститорот т.е. Општината поднесува барање за приклучок, доставува хидротехнички услови и одобрение за градба, а по излегување на терен, референтот изработува предмер-пресметка за водоводен и/или канализационен приклучок)
(врз основа на предмер-пресметка се изработува авансна фактура која странката ја подига во дирекција на ЈП Водовод и канализација- Скопје на ул. Ѓуро Стругар Бр. на 5 спрат (фактурно) или се доставува на Град Скопје доколку е барател Општина или единицата за локална самоуправа.)
Цените на услугите се според спецификацијата и ценовникот на ЈП Водовод и канализација- Скопје.
ПРЕДМЕТ:Барања за издвање на решение за :
Вид на приклучок | потребни прилози | |
---|---|---|
Водоводен приклучок | 1, 2 | пополни барање |
Фекален приклучок | 1, 2, 5 | пополни барање |
Атмосферски приклучок | 1, 2, 5 | пополни барање |
Двоење во шахта | 3, 4 | пополни барање за индивидуални објекти пополни барање за друг тип на објекти(Фирми) |
Реконструкција на приклучок | 5 | пополни барање |
Евидентирање на изведен приклучок | 6, 7 | пополни барање за индивидуални објекти пополни барање за друг тип на објекти(Фирми) |
Прилог потребни документи:
1. хидротехнички услови - копија,
2. одобрение за градба (градежна дозвола) - копија,
3. согласност од сопственикот на шахтата
4. фотокопија од с-ка за вода на давателот на соглесноста
5. фотокопија од с-ка за вода од барателот на приклучок
6. документ за потврдување на сопственост на објектот
7. фотокопија од с-ка за статичен телефон или струја