Сектор Водовод

Опис на работните активности за Сектор Водовод

Сектор Водовод во склоп на ЈП Водовод и канализација - Скопје својата активност ја реализира преку следнава организациска поставеност на секторот:

 

1. Одделение за одржување на водоводна мрежа 

2. Одделение за одржување на водомери

3. Одделение за откривање на дефекти на водоводена мрежа  

 

1. Одделение за одржување на водоводна мрежа  во сектор Водовод се раководи од обврските на самиот систем и неговото одржување во целост, односно водоводната мрежа која изнесува околу 1200 км.  

Одржувањето на водоводната мрежа подразбира систематски (превентивен) преглед на дистрибутивна мрежа кој вклучува периодична контрола на мрежата со сите нејзини елементи.

Покрај систематскиот преглед на мрежата се врши и редовно одржување на дистрибутивната мрежа вклучувајки ги сите елементи кој ја сочинуваат мрежата:

- Одржување на водомерни шахти

- Приклучни цевки

- Воздушни вентили 

- Испусти 

- Пожарни хидранти

- Санирање на дефекти на цевководи 

- Систематско мерење на притисок и генерално промивање на мрежата  

Во редовното одржување на системот за водоснабдување спаѓаат и 

- Замена на водомери (редовна и вонредна – заради дефект

- Поставување на приклучоци (нови или преврзување на стари приклучоци на нови мрежи

Во оперативниот дел од сектор Водовод голем дел има и реконструкцијата на постоечки и застарени водоводни мрежи како и изведба на нови. 

Целокупниот обем на одделението за одржување на водоводна мрежа  е поделен на 12 (дванаесет) реони со 20 (дваесет) пунктови.

Секојдневна активности и обврски на целиот сектор вклучувајки ги сите вработени во секторот се: 

- Прием на сите пријави за било какви дефекти на водоводна мрежа и било какви проблеми во редовно водоснабдување кои се добиваат од ДИЦ, 

- Изготвување на дневен план по кој ќе се постапува во декот на следниот работен ден, 

- Во делот на планирање се изготвува неделен план кој опфаќа обем на работа за цела недела, 

- Делување по изготвенот план за работа,  

- Планирање на набавка на резервни делови, опрема и апарати во склоп на инвестиционата програма на претпријатието, 

- Давање на предлози за изградба на нови мрежи и реконструкција на постоечките мрежи.

2. Одделение за одржување на водомери

Одделението за одржување на водомери, е организациска целина во Сектор Водовод, кој е дел од Јавното претпријатие ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА-Скопје. Одделението се состои од два оддели: Оддел за поправка и Оддел за верификација на водомери.

- Одделот за поправка (сервисирање) на водомери во своите работни активности се грижи за ефикасно и ефективно сервисирање, складирање и дистрибуција на водомерите. Водомерите кои се извадени од водоводната мрежа поради дефект или поради нивна тековна замена (согласно законската обврска се менуваат водомери со жигови постари од 5 години), соодветно се примаат, чистат (пескарат), сервисираат и складираат подготвени за калибрација и верификација. По извршената верификација од страна на Бирото за метрологија, водомерите се жигосуваат, складираат и издаваат на пунктовите од сектор Водовод кои вршат нивна замена во водоводната мрежа.

- Одделот за верификација на водомери исто така е оддел во состав на Одделението за одржување на водомери. Со воспоставување на Системот за менаџмент со инспекција ISO 17020:2012 - Општи критериуми за работа на различни видови тела кои вршат инспекција, точно се дефинирани овластувањата, обврските и одговорностите на секој поединец вклучен во процесот на инспекција/преглед на водомерите. Системот за менаџмент со инспекција истовремено е интегриран со Системот со квалитет на матичната организација, ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА - Скопје, согласно со барањата на стандардот ISO 9001:2008.

3. Одделение за откривање на дефекти на водоводена мрежа  

Одделението за откривање на дефекти работи за потребите на Сектор Водовод и по барање на надворешни субјекти.

Одделението врши систематско испитување на мрежата со цел да се утврдат евентуални скриени истекувања на водата , како и  отркивање на дефект по барање на пунктовите.

Податоците добиени од теренските испитувања се користат за анализа на загубите на вода и хидрауличко модлирање на водоводната мрежа.

Дејноста е:

- Лоцирање на затрпани метални елементи од мрежата,

- Лоцирање и трасирање на непозната мрежа со активно следење на наметнат сигнал, со откривање на длабочина,

- Лоцирање на истекување на вода од оштетени цевководи, со методи на пасивна детекција, наслушнување на шум со геофон, или со лоцирање со корелатор на шум, 

- Мерење на проток низ цевководи од различен материјал, со или без запис на податоци

- Мерење на притисок во цевководи, со или без запис на податоци

- Систематско испитување на мрежа, со мерење на протоци откривање на дефекти.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies