2. ХИДРОТЕХНИЧКИ УСЛОВИ
Можност за електронско поднесување и плаќање на нови и застарени хидротехнички услови за објекти под и над 400 м2
Можност за шалтерско поднесување
2-1. Нови хидротехнички услови
Барање за добивање на решение за хидротехнички услови се поднесува во дирекцијата на ЈП Водовод и канализација Скопје на ул.Лазар Личеноски Бр.9
Потребни документи:
копија од Извод од план издадено од Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животна средина (одделение за урбанизам) од соодветната Општина
увид во проектот со потребни количини на вода
Цена на услугата:
- за индивидуални објекти до 400 m2 , 3.000 денари + ДДВ 18% = 3.540 денари
Преземи барање: Барање за ХТ услови за индивидуални објекти под 400 м2
- за деловни, станбено деловни и станбени објекти над 400 m2, 6.000 денари + ДДВ 18% = 7.080 денари
Преземи барање: Барање за ХТ услови за деловни, стамбено деловни и стамбени објекти над 400 м2
2-2. Обновување на застарени хидротехнички услови (постари од две години)
Потребни документи:
копија од старите хидротехнички услови
копија од Извод од план издадено од Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животна средина - оделение за урбанизам од соодветната Општина
увид во проектот со потребни количини на вода
Цена на услугата:
- за индивидуални објекти до 400 m2 , 900 денари + ДДВ 18%=1.062 денари
Преземи барање: Барање за обнова за индивидуални објекти под 400 м2
- за деловни, станбено деловни и станбени објекти над 400 m2 , 1.800 денари + ДДВ 18% = 2.124 денари
Преземи барање: Барање за обнова за деловни, стамбено деловни и стамбени објекти над 400 м2