Цена на фактура за комунални услуги

JП Водовод и канализација - Скопје се финансира исклучиво од продажба на вода и извршени услуги.

Согласно Законските измени, тарифата за водните услуги ја утврдува Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на РСМ. Отпочнувајќи од 01.09.2025 година важечките тарифи за водни услуги се следни:

 

Водна услуга

Домаќинство (МКД)

Останати (МКД)

РЖ Услуги АД Скопје (МКД)

Снабдување со вода за пиење

20,50

54,75

15,00

Собирање и одведување на урбани отпадни води

13,50

18,50

 

Прочистување на отпадни води

1,02

1,02

 

 

Во фактурата која ЈП Водовод и канализација – Скопје ја доставува до корисниците, отпочнувајќи од 01.11.2019 година се пресметува и наплатува и Надомест за одржување на јавното градско зеленило (наплатените средства се за ЈП Паркови и зеленило – Скопје). Пресметката на Надоместот за одржување на јавното градско зеленило извршена е согласно Одлуките донесени од Совет на Град Скопје со бр.07-4610/1, од 31.10.2012 година и број 27-9978/1, од 28.10.2019 година (Надоместот за одржување на јавното градско зеленило се пресметува во висина од 19,5% од износот на тарифата за снабдување со вода за пиење и тарифата за собирање и одведување урбани отпадни води).

Со фактурата за водна услуга се пресметуваат и наплатуваат и средства за одржување на јавната комунална хигиена, односно за ЈП Комунална хигиена - Скопје.

фактурите можат да се платат на шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје (ул. "Лазар Личеноски бр.9“) на приземје, во наплатните пунктови во Општина Сарај , Општина Шуто Оризари и во трговскиот центар во н.Лисиче, сите експозитури на банките, преку мрежата на т.н. киосци, распоредени на пет локации во градот: Дирекција на ЈП Водовод и канализација - Скопје, кориснички центар на ЈП Комунална хигиена-Скопје,  ГТЦ-приземје,  Капитол мол и  Сити мол, како и на нашата веб страна www.vodovod-skopje.com.mk во делот - Преглед и плаќање на фактури.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies