Неделен преглед на теренски активности (03.10-07.10.2022)

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во периодот од 03 до 07 Октомври 2022 покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.

Во овој период беа спроведени следните поголеми интервенции преку секторот Водовод и Канализација:

Отстранување на дефекти со користење на механизација како:боб кет, цистерни, скип, камиони, багер и сл. на повеќе локации: Глумово ул.2, Стопански Двор ул.51 бр.46, Теодосие Синаитски 9, Кеј 13ти Ноември/Кочо Рацин, Радишани ул.28 бр.10, Ресенска 5, Бутелска бб, Периша Савелиќ (вила Водно), ул.1бб Усје(последна 4А), Кондово ул.1 бр.9, ул.Саса крак 30, Кемал Сејфула ул.17, направена е реконструкција Парк шума Г.Баба, Мега парк кај река Лепенец и др.

Редовни акции за расчистување на шахтите и сливниците со цел нормална функционалност на атмосферската канализација.

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во Град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies