Генерален директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје

Генерален директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје | General Director of PE Water Supply and Sewerage

Марјанче Митовски 

marjance.mitovski@vodovod-skopje.com.mk

 

 

Марјанче Митовски е роден на 01.03.1966 година. 

Своето високо образование го стекнува на Градежниот факултет, хидротехничка насока, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. 

Во 2013 година на Машински факултет ги завршува постдипломските студии и се стекнува со титулата Магистер по технички науки од областа на индустриското инженерство и менаџмент. 

Во ЈП Водовод и канализација – Скопје почнува да работи во 2010 година на позицијата - директор на сектор Водовод, од 2013 до 2014 работи на позицијата – самостоен инженер во секторот за Технички работи  и развој, за од 2014 до 2015 да раководи со истиот сектор. 

Митовски од 2015 до 2017 е на позиција – директор на сектор за Технички работи и развој, а од 2017 до 2018 и Технички директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје. 

На позицијата в.д директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје доаѓа од позицијата Советник на директорот за унапредување на работењето.  

 

 
 

          

 

 

 

 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies