Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации: ул. Гарсија Лорка бр.16, Љуботенски пат и ул. Сава Михајлов бб.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, одржување на атмосферскaта канализација и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации: реон Аеродром, Маџари, Центар и Карпош.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.