Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации: ул. Даме Груев бб, бул. Илинден бр. 65, ул. 2 бб Морани и ул. 30/58 Љуботенски пат.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, одржување на атмосферскaта канализација и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации: ул. Злетовска во Шуто Оризари, реон Кисела Вода, Маџари и бул. Србија во Лисиче,
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците