Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации: ул. Бранко Заревски, Попово Маало 5/13, бул. Македонско Косовска бригада бр. 40б и ул. Скупи бб.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, одржување на атмосферскaта канализација и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации: реон Центар – бул. Партизански Одреди, ул. Марко Крале – Бутел, ул. Тодор Чангов – Лисиче и реон Карпош.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.