Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа на ден 03.07.2024 год.

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации: ул. Тасино Чешмиче 6А, ул. Дижонска 19/29, ул. Лисец бб.

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следната локација: По реон Ѓорче Петров, ул. Мите Богоевски, бул. Јане Сандански, ул. Рилски Конгрес, ул. 519 Автокоманда.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.