Акција за одржување на атмосферската канализација

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во согласност со најавите за временската прогноза која предвидува врнежи од дожд и засилен ветер, покрај редовните активности за одржување на атмосферската канализација, во текот на изминатите денови, а и од утрово се на терен за спроведување на дополнителни акции за расчистување на сливниците и шахтите, со посебен акцент на критичните точки на територија на град Скопје. 

Тимовите распределени по реони работат на рачно и машинско чистење на сливниците и шахтите кои се дел од атмосферската канализациона линија, со цел овозможување на нејзина непречена функционалност. 

Апелираме до граѓаните, совесно и одговорно да се однесуваат кон канализационата линија, атмосферска и фекална, бидејќи истата не е депонија за одлагање на секаков тип на отпад, кој пироднесува до затнување на линиите и при поголемо количество на вода дури и поплави. Во текот на изминатите денови, при чистење на атмосферската линија отстранети се над 15м3 отпад, што претставува дел од причините за намалување на протокот на вода во системот. 

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, продолжуваат да работат во интерес на граѓаните на град Скопје и организирани во дежурни тимови остануваат на терен се додека не помине овој циклус на променлива временска прогноза проследена со силно невреме.