Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа на ден 02.07.2024 год.

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации: ул. Солунска Глава бр. 8, ул. Горноврановска бр. 104 и бр. 142. 

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следната локација: ул. Антон Попов, ул. Разловечко Востание, бул. Трета Македонска Бригада, ул. Тодор Чангов, Јужен Булевар.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.