Акции за расчистување на атмосферската канализација

Во текот на минатата недела, Скопје како и дел од останатите делови во државата и регионот, беа зафатени од силно невреме проследено со силен ветар, дожд и град, како резултат на кое градот и ЈП Водовод и канализација – Скопје, се соочија со повеќе предизвици. 

Имено и покрај редовното чистење на сливниците и шахтите, кои се дел од атмосферската канализација, како и критичните точки во градот, како резултат на силното невреме се создадоа поголеми застои на вода на одредени локации во градот. 

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, подготвени, веднаш по создавање на услови за истото, излегоа на терен и работеа на ослободување на критичните точки, се до создавање на услови за нормална и непречена функционалност на атмосферската канализација и нормално и непречено движење по коловозите и тротоарите. 

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, продолжуваат да работат во интерес на граѓаните на град Скопје и организирани во дежурни тимови остануваат на терен се додека не помине овој циклус на променлива временска прогноза проследена со силно невреме.