Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа на ден 01.07.2024 год.

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации: ул. Франц Прешерн 25, Ново Село, Гази Баба парк-шума.

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следната локација:По реон Ѓорче Петров,бул. 12-та Македонска Бригада, ул. Орце Николов, реон Шуто Оризари, реон Бутел.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.