Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации: ул. Костурски херои бр. 49, Буковиќ 4 А.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следната локација: ул. Мариовска, по реон Козле и Тафталиџе, реон Карпош, бул. Александар Македонски, реон Волково, бул. Видое Смилевски Бато, бул. Илинден.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.