Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации: ул.Самоилова 132, ул. Рајко Жинзифов.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следната локација: по реон Маџари, по реон Карпош, по реон Шуто Оризари, бул. Јане Сандански, бул. Србија, ул. Радишанска, ул. Рузвелтова, ул. Атинска, бул. Киро Глигоров.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.