Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации: ул. Хо Ши Мин 292, бул. Борис Трајковски бб.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следната локација: ул. Париска, отпушување сливник со машина притисок Скопје Север, бул. Александар Македонски, 12 Македонска Бригада, подвозникот кај Хотел Александар Палас.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.