Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации: ул. Франклин Рузвелт бб, ул. Методија Патев.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следната локација: ул. Методија Андонов-Ченто, бул. АСНОМ, бул. Александар Македонски, реон Бутел 1, реон Карпош, реон Автокоманда, бул. Србија, ул. Јордан Мијалков.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.