Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации: Волково бр.49-уличен дефект,ул.376 бр.93-уличен дефект и ул.Радишанска бр.9-уличен дефект.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:ул.Благоја Стевковски-Маџари-површинско чистење сливници,ул. Драгиша Мишковиќ-Карпош-контрола на шахти и површинско чистење сливници,бул.Александар Македонски-Автокоманда-површинско чистење сливници,бул.Србија-Кисела Вода-рачно чистење сливници,реон Аеродром-површинско чистење сливници и ул.Александар Бујнов-Бутел 1-рачно чистење сливници.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.