Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации: Стопански Двор место Блага Вода-нова мрежа, ул.Ловќенска бр.33-уличен дефект и бул.16-та Македонска Бригада-Парк Шума Гази Баба-уличен дефект.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:бул.АСНОМ-Аеродром-контрола на шахти и површинско чистење сливници,Рашче-Ѓорче Петров-влечење јама со цистерна вакум,бул.Александар Македонски-Автокоманда-површинско чистење сливници,ул.Никола Русински-Карпош-контрола на шахти и површинско чистење сливници и ул.Лука Геров-Ѓорче Петров-контрола на шахти и површинско чистење сливници.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.