Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации:ул.22 бр.48-Волково-Ф-110, Стопански Двор место Блага Вода-нова мрежа, ул.Иван Козаров бр.6-приклучок Ф-200 и ул.2 бр.196 Кондово-уличен дефект.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:ул.Љубљанска-Карпош-површинско чистење сливници,ул.Киро Фетак-Кисела Вода-површинско чистење сливници,бул.12-та Македонска Бригада-Лисиче-површинско чистење сливници,подвозник Александар Палас-површинско чистење сливници,реон Ѓорче Петров-површинско чистење сливници и бул.Александар Македонски-Автокоманда-површинско чистење сливници.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.