Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации:ул.Вангел Начевски бр.22-Визбегово-водоводен приклучок Ф-150/80,ул.2 бр.14-Глумово-уличен дефект,ул.Кара Трифун бр.5-уличен дефект и ул.1-Ново Село-нова водоводна мрежа.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:Чаршија-Бит Пазар-рачно чистење сливнци,ул.Струма-Карпош-рачно чистење сливници,ул.Благоја Мучето-Лисиче-контрола на шахти и ул.Лука Геров-Ѓорче Петров-контрола на шахти.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.