Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации:ул.7 бб Батинци-уличен дефект,ул.2 бб Студеничани-уличен дефект-Ф 100, ул.Дижонска бр.17/28-уличен дефект и ул.1 Ново Село-нова мрежа.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:ул.Пелистерска-Карпош-рачно чистење сливници,бул.М.Т.Гологанов-Карпош-перење на атмосферска мрежа,ул.Бутелска-Бутел 1-рачно чистење сливници и бул.М.К.Бригада-Бутел 2-рачно чистење сливници.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.