Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации:бул.Македонско Косовска Бригада бр.10 бб-уличен дефект,ул.Радован Ковачевиќ бр.11-уличен дефект, ул.10-Сарај-уличен дефект и ул.1 бб Ракотинци-уличен дефект.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:ул.Периша Савелиќ-рачно чистење сливници,ул.Мите Богоевски-Лисиче-рачно чистење сливници,ул.Рилски Конгрес-Кисела Вода-контрола на шахти и површинско чистење сливници и Стопански Двор-Ѓорче Петров-контрола на шахти и површинско чистење сливници.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.