Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа на ден 05.06.2024 год.

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации:ул.Коста Абрашавиќ бр.52-уличен дефект,Стопански Двор-реконструкција на пластична линија и ул.Теодосие Синаитски бр.20-уличен дефект.

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:бул.Македонско Косовска Бригада-Бутел 2-површинско чистење сливници,ул.Павел Шатев-Кисела Вода-површинско чистење сливници,ул.Ѓорги Капчев-Лисиче-контрола на шахти и површинско чистење сливници,бул.Илинден-Карпош-контрола на шахти и рачно чистење сливници и бул.Јане Сандански-Аеродором-контрола на шахти и рачно чистење сливници.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies