Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации:ул.1-Стопански Двор-реконструкција на пластична линија,ул.Наум Охридски бр.48-уличен дефект, ул.11/80 Стајковци-уличен дефект и ул.Јајце бр.83-уличен дефект.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:бул.Илинден-Карпош-површинско чистење сливници,бул.Трета Македонска Бригада-Аеродром-површинско чистење сливници,ул.Рузвелтова и ул.Питу Гули-Центар-површинско чистење сливници и реон Ѓорче Петров-површинско чистење сливници.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.