Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации:Црниче бб-уличен дефект, ул.Антон Попов бр.37-огрлица и ул.Бел Камен бб-уличен дефект.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:ул.Даскал Камче-Карпош-рачно чистење шахти,ул.Димитар Македонски-Лисиче-контрола на шахти и рачно чистење сливници,Јурија-Ѓорче Петров-отпушување со цистерна притисок и ул.Стив Наумов-Центар-рачно чистење сливници.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.