Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа на ден 27.05.2024 год.

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации: Ново Село, 

Ул. Јордан Мијалков, Ферид Бајрам (кај школото Панајот Гиновски) и Лисец бб.

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следната локација: Ул. Никола Тесла, Ул. Тодор Чангов, реон Маџари, Бул. Босна и Херцеговина.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.