Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации:бул.Трета Македонска Бригада-уличен дефект,ул.Борис Бојаџиски бр.47-уличен дефект и ул.1 Ново Село-реконструкција на пластична линија.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:реон Ѓорче Петров-контрола на шахти и површинско чистење сливници,реон Карпош-површинско чистење сливници,реон Бутел 2-површинско чистење сливници,реон Аеродром-површинско чистење сливници и реон Лисиче-контрола на шахти и површинско чистење сливници.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.