Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации:ул.Димче Мирчев-приклучна цевка и Стопански Двор-реконструкција на пластична линија.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:ул.Церска-Кисела Вода-рачно чистење шахти,ул.Илинденска-Карпош-рачно чистење сливници,ул.Палмиро Тољати-Маџари-дување сливник со цистерна притисок,бул.Никола Карев-Бит Пазар-рачно чистење сливници и ул.Серска-Кисела Вода-рачно чистење шахти.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.