Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локациии:ул.Кримска бр.43-приклучна цевка и Стопански Двор-реконструкција на пластична линија.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:бул.Илинден-Карпош-рачно чистење сливници,ул.Вангел Тодоровски-Аеродром-контрола на шахти и површинско чистење сливници,Рашче-Ѓорче Петров-влечење јама со цистерна вакум и бул.Александар Македонски-Автокоманда-рачно чистење шахти.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.