Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локациии:ул.Максуд Садик бр.3-уличен дефект,ул.Дижонска-уличен дефект и ул.Коце Металец-уличен дефект.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:ул.Козара-Центар-рачно чистење сливници,реон Маџари-рачно чистење сливници,ул.Лука Геров-Ѓорче Петров-контрола на шахти површинско чистење сливници и ул.Боро Канчевски-Кисела Вода-рачно чистење шахти.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.