Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локациии:ул.Тодор Александров бр.163-приклучна цевка,ул.3/1-Визбегово-приклучна цевка, ул.Христо Татарчев бр.4-уличен дефект и ул.Прохор Пчињски-уличен дефект.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:реон Маџари-контрола на шахти и површинско чистење сливници,Рашче-отпушување со цистерна притисок,Шуто Оризари-рачно чистење сливници,бул.Никола Карев-Бит Пазар-рачно чистење сливници и ул.Петар Манџуков-замена на решетка од сливник.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.