Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локациии:ул.Дане Крапчев бр.8-водоводен приклучок,бул.Трета Македонска Бригада-приклучна цевка и бул.АСНОМ бр.118-приклучна цевка за фонтана.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:ул.Кузман Јосифовски Питу-Центар-рачно чистење сливници,реон Лисиче-контрола на шахти и површинско чистење сливници и ул.Дрезденска-Карпош-рачно чистење сливници.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.