Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локациии:ул.Бел Камен-приклучна цевка,ул.10-Бардовци-уличен дефект и Инџиково-уличен дефект.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:ул.12 та Македонска Бригада-Аеродром-контрола на шахти и површинско чистење сливници,контрола на шахти во Општина Бутел,ул. Антон Димитров-Кисела Вода-површинско чистење сливници,бул. Србија-Аеродром-површинско чистење сливници и ул. Бледски Договор-Карпош-површинско чистење сливници.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.