Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа на ден 22.03.2024 год.

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локациии:ул.Максуд Садик бб-уличен дефект,Кеј 13-ти Ноември бб-уличен дефект и ул.Злетовска бр.28-уличен дефект.

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:бул.Илинден-Карпош-влечење јама со цистерна вакум,бул.Борис Трајковски-Кисела Вода и ул.Орце Николов-Карпош-рачно чистење шахти.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies