Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локациии:ул.Максут Садик бр.82-приклучна цевка, бул.16-та Македонска Бригада-уличен дефект, Кеј 13-ти Ноември-уличен дефект и ул.Тодор Чангов бр.48-приклучна цевка.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:бул.Илинден-Карпош-влечење јама со цистерна вакум,Волково-Ѓорче Петров-рачно чистење шахта,бул. АСНОМ-Аеродром-поставување бетонски капак,ул.Шитска-Ѓорче Петров-рачно чистење шахти и подвозник Александар Палас-површинско чистење сливници.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците