Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа на ден 15.03.2024 год.

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локациии:ул.Леринска бр.53 б-приклучна цевка,бул.ВМРО бр.1-шибер, ул. Ефтим Спространов-цистерна водоводен приклучок и ул. Кемал Сејфула бр.4-приклучна цевка.

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:реон Ѓорче Петров-површинско чистење сливници,ул.М.А.Ченто-Маџари-рачно чистење сливници,бул.М.Т.Гологанов-Центар-површинско чистење сливници и ул. Димо Хаџи Димов-Кисела Вода-површинско чистење сливници.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.


 

   

   

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies