Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локациии:ул.Прашка бр.42-приклучна цевка,ул. Јадранска Магистрала бр.8-уличен дефект,ул.398 бр.51-уличен дефект и ул.2 бр.40-уличен дефект.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:ул.Коле Канински-Бутел-рачно чистење сливници,реон Лисиче-контрола на шахти и рачно чистење сливници и реон Хиподром-рачно чистење сливници.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.