Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локациии:ул.Петре Георгиев бр.39 а-уличен дефект и ул.Фуштанска бр.117-уличен дефект.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации:ул. Шарпланинска-Ѓорче Петров-промена на сливник,ул.Милан Марковиќ-Карпош-рачно отпушување шахта,реон Центар-површинско чистење сливници,бул.Србија-Кисела Вода-рачно чистење сливник,реон Маџари-рачно чистење сливници,реон Бутел- рачно чистење сливници и бул.Партизански Одреди-Ѓорче Петров-површинско чистење сливници.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците